Home » Невен

Невен

Природна заштита за бебешката кожа од првиот ден

by mamma.mk

Невен

Налик на сонцето невенот го следи текот на сонцето со своите цветови. Се отвара во мугрите со првите сончеви зраци и се затвора веднаш штом сонцето заоѓа. Ова календарско движење во времето, заедно со сонцето, ги наведе ботаничарите да го дадат неговото научно име од латинскиот збор Calendae – првиот во месецот. Билките кои го следат сонцето и чиишто цветови наликуваат на сонце отсекогаш важеле за свето цвеќе. Покрај невенот, овој епитет го носат и кантарионот, цикоријата и маргаритките. 

 Природна заштита за бебешката кожа од првиот ден

Кожата на бебето во утробата на мајката е покриена со заштитен слој – верникс. Таа е 5 пати потенка од кожата на возрасните. По раѓањето е изложена на надворешни влијанија и дразби. Детската кожа постепено созрева и до 12тата година ја постигнува морфолошката и физиолошката зрелост. 

Weleda повеќе од еден век создава производи за нега на бебиња користејќи го заштитното дејство на невенот. Сончевата светлина е она што му помага на портокаловиот невен да формира драгоцени, активни состојки кои се корисни за чувствителната бебешка кожа. Во градините на Weleda органските цветови на невенот се одгледуваат со посебна грижа и рачно се берат. Овој лековит цвет помага кај повредена, иритирана, чувствителна или воспалена кожа. Невенот ја регулира циркулацијата на крвта во кожата и го зголемува тонусот на кожата. 

Weleda мaслото од органски невен без мирис содржи само две состојки во својот состав, екстракт од невен и сусамово масло. Ова масло создава заштитен слој кој ја зајакнува заштитната функција на бебешката кожа, а притоа не ги нарушува природните физиолошки функции на кожата.  

Weleda мaслото од органски невен без мирис има пријатно чувство на затоплување и затоа е идеално за секојдневна масажа на бебето. Времето посветено на масажа на вашето бебе е важно за вашето меѓусебно поврзување. Преку сетилото за допир му влевате сигурност и му помагате на бебето да се смири. Чувството кожа на кожа е неверојатна форма на невербална комуникација која овозможува мајката и бебето да создадат чувство на блискост. 

Weleda мaслото од органски невен без мирис благодарение на антиинфламаторните својства на невенот дозволуваат тоа да се користи и за чистење на подрачјето на пелените како замена за влажните марамици. Делува и анти-габично и антибактериски.

Weleda маслото без мириси може да се користи за третирање на темениците. Половина час пред да го бањате бебенцето нанесете од маслото на скалпот на бебето, нежно втријте и чешлајте со бебешка четка или чешел а потоа шампонирајте. 

 Weleda лосионот од невен содржи органски масла од бадем и сусам кои се совршено компатибилни со липидите на детската кожа. Тие обезбедуваат хидратација на кожата и ги поддржуваат нејзините природни функции. Неговата лесна текстура се апсорбира многу брзо, правејќи ја кожата хидрирана, пердувесто мека и свиленкасто мазна.

Сите производи од Weleda линијата за нега на бебиња и деца се направени од внимателно одбрани природни и органски состојки, формулирани во соработка со акушерки и дерматолози. 👩⚕️

𝗪𝗲𝗹𝗲𝗱𝗮 – Сертифицирана природна и органска нега повеќе од еден век.

Производите може да ги погледнете кај Weleda Macedonia (@weledamacedonia) 

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.