Често кога мајките дознаваат дека се бремени, се чувствуваат дека влегуваат во една сосема нова територија и често овој период знае да биде предизвикувачки за новите родители во однос изборите кои треба да ги направат во понатамошниот период, како и процесирањето и употребата на сите оние бројни информации кои ги имаат на дофат во однос на бременоста, породувањето и понатаму родителството.
Секако безразлика дали се размислува за идна бременост или бебето е веќе на пат секогаш е добро време да се воведат здрави навики.
Во однос на здравите навики во бременоста важно е редовно да се оди на пренатални прегледи, да се практикува здрава исхрана со разноврсни здрави намирници и да се внесуваат доволно течности.
Вежбањето во бременоста носи многу придобивки, па така, доколку предходно е одобрено од лекар, препорачливо е идната мајка да биде активна и да вежба вежби кои се прилагодени за трудници.
Треба да се избегнува внес и изложеност на штетни супстанци за мајката и нејзиното бебе како алкохол и цигари и други штетни супстанци, да се минимизира стресот во бременоста може и преку користење на различни техники за намалување на стрес и секако доволно одмор и сон.
Сметам дека е значајно мајката да се едуцира што е можно повеќе околу овој период, какви промени настануваат во нејзиното тело и да знае што би можела да очекува затоа курсот за трудници е навистина од големо значење и нуди совети за сите овие здрави навики кои треба да се практикуваат за една здрава бременост.