Home » Идеи за зачувување на спомени од сликите на вашето дете

Идеи за зачувување на спомени од сликите на вашето дете

by mamma.mk

Како мама на две, имам безброј фотографии во мојот телефон зошто во секојдневието толку убави моменти имаме, што секогаш сакам да ги зачувам тие посебни моменти. Често се наоѓам како бришам слики за да направам место за нови, само за да сфатам дека сум изгубила некои, пробувајќи да ги зачувам на различни уреди (лаптоп, хард дискови и cloud опции па често и не знам каде ми се одредни форографии од некој период).

За да си ги зачувам сите спомени од пред неколку години почнав реовно да си ги вадам сликите и ги ставав во класични албуми. Но тогаш открив совршенаа страна  за зачувување на спомените и од се срце сакам да ја споделам со вас преку 3 идеи. Страната е www.snapshot.mk  и топло ви ја препорачувам бидејќи постојано ја користам.

Првата идеја и моја омилена е Фото Бук:

Минатата година по првиот роденден на Јоана, седев и размислував како да ги организирам сите тие прекрасни фотографии што ги имам од првиот роденден  и крштевката. Тогаш го открив открив фото бук на www.snapshot.mk – албум кој можев да го креирам и персонализирам сама. Направив по еден фото бук за секоја значајна прилика – од првиот роденден и крштевка, спомените од баба и дедо, свадбата и Фотобук за 2023 година во кој ги ставив сите слики од таа година, сите мали моменти, патувања, одмори и насмевки…

 

Фото букот за 2023 година е нашиот омилен, бидејќи ги собира сите наши авантури и значајни моменти од годината. Навечер, го разгледуваме често албумот заедно, си ги раскажуваме приказните зад секоја слика и се потсетуваме на сите убави моменти што сме ги доживеале како семејство.

Втората идеја се мали полароид слики

Најубави ми се спомените од малите моменти од секојдневниот живот. Еден ден, додека прелистував старите албуми, ми дојде идеја да почнам да користам мали полароид слики за да ги зачувам тие мали, но значајни моменти. Ги наредив на фрижидерот, на бирото и на други места низ домот. Секогаш кога ќе ги погледнам, ме потсетуваат на сите мали, но значајни моменти од нашиот секојдневен живот. Полароид сликите носат посебен шарм и топлина, а истотака си направив и полароид слики од зимскиот период  со кои си го декориравме домот за Нова Година.

И третата идеја се канвас портрети
Кога ја декорирав детската соба направив 2 канвас фотографии со нивниот лик. Не можев да поверувам колку елегантно и убаво изгледаше на ѕидот. Сега, нашата спална и детската соба и ходникот се украсени со овие лични уметнички дела. Секој пат кога ќе ги погледнам, ми носат радост и ме потсетуваат на тоа колку брзо растат децата и колку е важно да ги зачуваме тие моменти.

Се надевам некоја од овие 3 идеи ќе ви се допадне или ќе ви даде идеја како да си ги зачувате фотографиите од вашите дечиња.  

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.