Home » Бенефитите од контактот кожа до кожа со вашето бебе

Бенефитите од контактот кожа до кожа со вашето бебе

by mamma.mk

Раниот контакт меѓу мама, тато и бебето е еден прекрасен момент во кој треба да ужива целото семејство.

Бебенцата имаат силна потреба за близок контакт и желба да бидат сакани. Уште во бременоста бебенцето е целосно поврзано со мама. Звукот на чукање на нејзиното срце и нејзината топлина му даваат чувство на сигурност и заштита. Според истражувањата придобивките од кожа на кожа за мајката, таткото и новороденчето се од големо значење.

Што е всушност држењето кожа до кожа?

Држењето кожа до кожа едноставно претставува држење на вашето бебенце до вашата  гола кожа без ништо помеѓу вас, односно без облека и текстил.  Треба да го држите бебенцето со голо кожиче прилепено до вашата кожа а притоа секако одозгора да го покриете со топло ќебенце.

Кои се бенефитите од држењето кожа на кожа?

Контактот кожа до кожа е поврзан со доста бенефити за бебето како позитивни резултати од доењето, регулација во дишењето, подобра температура и ниво на шеќер во крвта, поретко плачење, постабилен пулс, повисоко ниво на кислород во крвта,  а се разбира и  посилна врска меѓу родителите и бебето.

Во однос на бенефити за мајката, се смета дека овој контакт кожа на кожа всушност помага во регулација на крвниот притисок, го намалува ризикот од постпородилна депресија, позитивно влијае за производството на мајчино млеко и помага на мајката полесно да се поврзе со новороденчето.

 

А што е со тато?

Секако дека и тато треба да е вклучен во ваквиот начин на држење на бебенцето и контакт кожа до кожа. На овој начин се создава емоционална врска помеѓу таткото и бебенцето и секако влијае врз подобрување на неговото здравје!

Држете ги и гушкајте ги вашите бебенца кожа до кожа, на овој начин може да ги утешите кога се вознемирени и да им ја обезбедите онаа блискост и топлина кои тие ја бараат.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.