Често бараме идеи кога станува збор за подарок за бебенце, па токму затоа сакам да споделам со вас 5 идеи за персонализирани подароци за бебе кои се направени од дрвени и eco-friendly материјали.
- Дрвени кругови за одбележување на најубавите моменти
Кругови од 1 до 12 месеци и кругови со мноогу разни натписи, дезени и фонт по ваша
желба.
2. Мерилка за висина и закачалка
Персонализирани, дрвени графикони за раст и закачалка. Изработени и нацртани рачно, со
цртеж (мотив) по ваша желба. Многу се практични и се одличен декоративен елемент во
просторот.
3. Дрвени коцки
Рачно изработени дрвени коцки за одбележување возраст на вашето бебенце. Служат како
одличен фото реквизит за дневни, неделни, месечни и годишни фотографирања.
4. Држач за цуцли или глодалка
Држачот за цуцли е совршен подарок доколку бебето користи цуцла, а од глодалката нема
подобар реквизит во период на растење на запчиња.
5. Кутија со персонализирани подароци
Бебешките кутии се составени од најпотребните работи и аксесоари кои му се потребни на
едно бебе. Составот се прави според ваша желба, а палетата на производи кои се нудат е
доста широка. Тие се прекрасен подарок за разни пригоди, како: откривање на полот,
бебешка забава, повојница или посета на новороденче, роденден, именден, крштевка или
било која друга прилика.
*Во состав може да влезат следниве производи: плетено мече/зајче, муслин прекривка,
цуцла, држач за цуцла, глодалка, чешелче за бебе, силиконска лажичка и прибор за
јадење, лигавче, боди, чорапчиња, дрвени кругови, шишиња и цуцли на Philips Avent,
бебешка козметика-Hipp, Chicco, Mustela, Weleda, Uriage, Eucerin, La Roche Posay, BabyLove-
DM, Becutan).
Сите моделчиња можете да ги најдете кај kiddoproject.mk ( https://www.instagram.com/kiddoproject.mk/ )
Kiddo Project е детски бренд, мал online бизнис, формиран во јануари 2021 год.
Овој бренд работи под мотото „Let’s change the world together!“ што подразбира заштита на животната
средина, користење исклучиво eco friendly и non toxic материјали за изработка на производите
и правење промена во светот кон подобро затоа што заедно сме посилни!
Брендот започнал со изработка на првиот производ, персонализираните дрвени мерилки за
висина и закачалки и станале единствени на пазарот на Балканот (и пошироко) кој изработува
ваков производ. Подоцна палетата на прозводи се проширила и постојано внесуваат новости.
Најголем дел од производите се рачно изработени, може да бидат персонализирани.
Кога станува збор за материјалите, тие се изработуваат од дрво, биоразградливи материјали и материјали кои не содржат БПА, ПВЦ и фталати и се потполно безбедни за малечките.
Приозводи неопходни за секоја мајка и бебе!