Home » Совети како да изберете облека за новороденче за враќање дома од болница

Совети како да изберете облека за новороденче за враќање дома од болница

by mamma.mk

Бирањето на облека со која ќе си го донесете бебенцето од болница е еден забавен и интересен дел од бременоста. Изборот на преслатки бебешки комплетчиња е преголем па затоа би сакала да ви дадам неколку совети како да изберете облека која е слатка, но и удобна за бебето.

Најважно од се – на бебето да му биде удобно.

Обично сакаме првата облека на бебето да е интересна и симпатична но на што мора да се земе предвид е ткаенината и удобноста на бебенцето. Бебенцата имаат чувствителна кожа, така што облеката за новороденче убаво е да биде памучна или од мека прикладна ткаенина со растегливи отвори за рацете, нозете и вратот.

Која големина да биде облеката?

Предвидувањето колкаво ќе биде бебенцето при раѓање е тешка задача но обично големината од 0+  или од 0-3 месеци би требало да биде соодветна за бебенцата неколку дена по раѓањето кога конечно ќе си ги носите дома.

Доколку вашите лекари претпоставуваат дека бебенцето е навистина поголемо од просекот, тогаш можеби ќе сакате да одберете и едно бројче поголема облека(0 – 3 месеци наместо од 0 – 1 месец) а секако и од практични причини, бебенцето ќе може подолго да ја носи, бидејки верувајте, бебенцата навистина брзо ги израснуваат облеките.

Сепак имајте на ум дека малку поголемите бројчиња на новороденче може да делуваат уште поголеми, како бебенцето да “плива” во облеката.

Практична облека за облекување и соблекување

Новороденчињата често валкаат пелени па затоа бидете сигурни дека облеката која ќе ја изберете ќе ви овозможи брз пристап да го направите тоа.

Изберете нешто едноставно

На бебенцата кои се мали, преголеми машнички или украси може да изгледаат чудно затоа може да изберете нешто едноставно во еднобојни или неутрални тонови кои се патем супер и за фотографирање на пат за накај дома.

Лето, зима, пролет или есен

Многу е важно да ја земете предвид сезоната во која ќе се роди вашето бебенце, гардеробата не е иста кога станува збор за бебенца родени во лето и оние во зима.

Обично се советува бебенцата да носат еден тенок слој повеќе облека од возрасните, освен доколку станува збор за премногу високи температури.

Доколку е студено, бебето можете дополнително да го загреете со ќебенце, топла капа а пак доколку е топло, тенка прекривка за да  ја заштитите кожата на бебенцето од изложеност на сончеви зраци.

Резервна облека

Не заборавајте да понесете и малку екстра облека за вашето бебенце, тие се непредвидливи и често знаат да направат “беља” па можеби ќе треба да ги пресоблечете.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.