Home » 5 предлози за парчиња облека за трудници кои се must-have во пролет

5 предлози за парчиња облека за трудници кои се must-have во пролет

by mamma.mk

Како што го одминувате првиот триместар од бременоста и полека влегувате во вториот ќе забележите многу промени во вашето тело, вклучувајќи го и слаткото мало стомаче кое веќе започнува да се познава. Околу 13 – 20 недела ќе забележите дека некои од вашите алишта најверојатно повеќе не ве собираат.

Тука доаѓа и вечната женска изјава: “Немам што да облечам”, а и еден возбудлив период на шопинг кога ќе може да си се подновите со парчиња облека за трудници кои ќе ви бидат основната гардероба во наредните неколку месеци.

Секоја трудница и секое тело се различни и она што им се допаѓа на едни, на други можеби не им одговара на стилот. За среќа, породилната мода измина долг пат и сега има многу повеќе избор на облека за трудници отколку во минатото.

Ова се моите 5 предлози за парчиња облека за трудници кои се must-have во пролетната сезона

  1. Маичка по кратки ракави

За среќа доаѓаат топли денови, а секако  прошетки на пролетното сонце се преубав начин за активност за секоја нормална бременост. Конфорна и удобна маичка по кратки ракави е дефинитивно нешто што треба да е дел од вашата гардероба. Кога купувате маички, може да изберете маички кои имаат отвор за доење, па така ова парче ќе може да си го носите и во вашиот постпартум период.

  1. Маичка по долги ракави

Пролетта знае да биде непредвидлива затоа е убаво да имате маичка по долги ракави за оние поладни вечери или студени денови. Изберете  маичка која ќе ви се допаѓа, но пред се ќе ви биде  и удобна и ќе се чувствувате слободно во неа.

  1. Фармерки за трудници

За љубителите на фармерки ова е парче облека кое дефинитивно ќе го исносите во периодот на бременоста. Фармерките за трудници изгледаат навидум како и оние обичните само што имаат еластичен предел околу стомакот кој овозможува удобност и слобода за растење на трудничкото стомаче.  А, пресладок избор за труднички фармерки се и фармерките со трегери.

  1. Пролетно фустанче

Јас не можам да ја замислам пролетта без пролетни фустанчиња, па оттука и мојот предлог за пролетно секојдневно фустанче кое може да го носите на прошетка, на кафе или на работа. Фустанчињата се најлесен избор кога доаѓа прашањето “Што да облечам денес”?

  1. Фустанче за свечени пригоди

Доколку имате некоја прослава, свеченост, вашиот baby shower или едноставно сакате да изледате елегантно, тогаш на вашата листа за шопинг треба да додадете и едно фустанче за трудници кое ќе биде прикладно за посвечените моменти.

Доколку ви се допаѓаат моделите на сликите може да ги побарате во @mostlybabyshop каде има преубав избор за облека за трудници, доилки и новороденчиња.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.