Носењето на бебенцето на овој свет е момент кој го менува животот и претставува единствено искуство за родителите.
Но, освен сите промени во вашиот живот, вашето тело исто така се менува по бременоста и породувањето, обично тоа трае 4 – 6 недели и се нарекува постпартум период.
Постпартум крварење или лохија претставува вагинален исцедок составен од крв, слуз и ткиво на матката, што се јавува во периодот по породувањето.
Крварењето започнува веднаш по породувањето, од местото каде што плацентата била прикачена. Ова крварење наречено лохија е слично на пообемен менструален циклус.
Откако ќе се увери дека иницијалното крварење е под контрола, вашиот лекар можеби ќе го мониторира вашето крварење периодично, и може да го масира вашиот фундус ( горниот дел од матката).
Постнаталното крварење обично трае 4 до 6 недели по породувањето и постепено се намалува и станува посветло.
За лохијата може да користите санитарни влошки кои се наменети за оваа употреба и треба да ги менувате редовно, но препорачливо е да се избегнува употребата на тампони во овој период поради настанувањето на инфекции.
Крварењето напредува низ три фази:
Lochia rubra е првичниот исцедок кој е составен од крв, парчиња фетални мембрани, верникс, лануго и друго. Има црвена боја поради количината на крв што ја содржи. Ова крварење обично трае од 3 до 5 дена по породувањето.
Lochia serosa е се нарекува вагиналниот исцедок кој е поразреден и има кафеава или розова боја. Содржи еритроцити, леукоцити, цервикална слуз и микроорганизми и друго. Обично овој вид на исцедок продолжува до околу десеттиот ден по породувањето.
Lochia alba е термин за вагиналниот исцедок кога ќе стане белузлав или жолтеникаво-бел. Содржи помалку црвени крвни зрнца и главно се состои од леукоцити, епителни клетки, масти, слуз и микроорганизми итн. Обично трае од втората до шестата недела по породувањето.
Доколу количината на крварењето е значителна и ве загрижува консултирајте се со вашиот лекар.