Некои промени  може да се случат во вашето тело пред  да дојде моментот на породување. Овие промени може да бидат близу денот на раѓањето а и може да му предходат и неколку недели.

Спуштање на бебето

Како што се доближува денот и терминот на породување, може да почувствувате дека бебето се спуштило, сместувајќи се подлабоко во вашата карлица како подготовка за породување.

Стомакот може да ви изгледа понизок и да се навалува повеќе напред. Исто така може ќе забележите дека ви е полесно да  дишете, бидејќи бебето се движи надолу и се намалува притисокот врз вашата дијафрагма. Од друга страна пак можно е да чувствувате зголемен притисок врз мочниот меур од тежината и положбата на бебето.

Брекстон-Хикс или лажни контракции

Во текот на вториот и третиот триместар од бременоста, може да доживете повремени, безболни контракции односно чувство дека вашата матка се стега и се релаксира. Тие се особено забележливи доколку ја ставите раката на стомакот.

Овие контракции се нарекуваат контракции на Брекстон-Хикс или широко познати како лажни контракции, и тие се начин телото на мајката да се подготви за големиот чин на породување. Како што се приближувате до датумот на породување, овие контракции обично стануваат посилни и дури може да станат и болни.  За тоа како да ги разликувате лажните контракции од оние вистинските може да научите на нашиот курс за трудници во кој објаснуваме мнногу подетално што може да очекувате во последните недели и денови пред породувањето и како да знаете кога навистина е време за одење во болница.

Крваво слузав исцедок

Неколку недели, денови или часови пред почетокот на породувањето, овој мукузен слуз се исфрла како една мала количина на слуз која може да биде обоена со крв и кафеава боја.

Скратување или истенчување на грлото на матката

Еден знак дека започнува породувањето е тоа што грлото на матката почнува да се истенчува односно скратува. Како што породувањето напредува, грлото на матката на крајот ќе премине од својата почетна  дебелина до  дебелина на тенок лист хартија.

Проширување на грлото на матката

Во последните денови од бременоста, вашиот лекар може да ви каже дека грлото на вашата матката почнува да се отвора, што е уште еден знак дека породувањето се приближува.

Доколку сакате да научите повеќе околу знаците кои му предходат на породувањето, вистиските знаци дека породувањето дефинитивно започнува  може да се приклучите на курсот за трудници со кликање на следниот линк.

КУРС ЗА ТРУДНИЦИ

Кој беше знакот кој го навести вашето породување?

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.