6 Twistshake производи кои ќе го направат воведувањето немлечна исхрана – задоволство!
Голем број од светските организации препорачуваат ексклузивно доење во текот на првите шест месеци од животот на бебто за здрави, доносени доенчиња. Мајчиното млеко е оптимална храна за бебенцата, а доењето може да продолжи до две години и понатаму.
Некаде околу 6тиот месец од животот на вашето бебенце, започнува забавата и време е за воведување на немлечна исхрана и пробување вкусови. Експресиите кои бебенцата ги прават на нивните лиценца кога првпат ги дегустираат овошните и зеленчукови кашички се едноставно непроценливи и ќе останат врежани во вашата меморија.
Дали првиот вкус ќе биде јаболче, крувче, морковче или нешто друго, вашето малечко ќе започне со откривањето на светот на вкусовите и ќе ја истражува храната.
Бебенцата уживаат и сами да дегустираат и се разбира во првите месеци тоа може да значи кашички и неред насекаде низ вашиот дом.
Сакам да ви претставам неколку практични производи кои и самата ги користам за започнување на исхраната кај бебенце, кои ќе му овозможат на вашето бебе да ужива и да истражува во новиот период од животот, а се разбира се практични и лесни за употреба за нас мајките што е многу важно.
Twistshake лигавчето е изработено од мека и удобна пластика и има длабок џеб кој ја собира храната што паѓа од устата на бебето. Лигавчето не и дозволува на храната да се истури. Има лентата за врат која е прилагодлива и прилагодена големина, а тоа спречува да се заглави под масата.
Кога бирате лигавче важно е дека е изработено без BPA, BPS и BPF и е безбедно за вашето дете и за Вас и што мене најмногу ми се допаѓа погодно е за машинско миење во горниот дел.
2. Twistshake Подлога и чинија на клик
Ова мислам дека е мојот нов омилен производ кога станува збор за исхрана на бебенце. Twistshake подлогата на клик е навистина премногу практична и спречува истурање на храна и создавање неред. Чинијата со само еден клик се закачува за подлогата, а подлогата на клик се лепи на масата или на тацната, со што е речиси невозможно да се придвижи. Изработена е без BPA, BPS и погодна за машинско перење.
Штом започне воведувањето на исхраната, бебето открива цел нов свет на вкусови, текстури, но и начин на внесување на храна кој му е тотално различен од предходно. Затоа е важно да имате прибор за јадење кој одговара на возраста и е безбеден за вашето бебенце. Ова сетче содржи ноже со безбедно сечило за сечење, лажица дизајнирана за големина на залак на мало дете и вилушка со нежни боцки кои лежат стабилно во раката на бебето и го поттикнуваат учењето.
Ако барате чашка што е лесна за употреба, лесно се расклопува за чистење и е некапечка, тогаш Twistshake чашката со цевка е супер решение кога поголемите деца започнуваат со пиење.
5. Twistshake Вреќичка за кашички
Вреќичката за кашички е погодна за било која ужинка на вашето бебенце, кога сте на прошетка или во движење.
Вреќичките може да се полнат со домашно приготвени кашички или смути и се погодни за повеќекратна употреба.
Може да се мијат во машина и да се чуваат во фрижидер а, освен тоа дизајните се модерни и интересни.
6. Twistshake Шише топло-студено
Twistshake Топло или студено изолираното шише е изработено од квалитетен не’рѓосувачки челик и благодарение на овој дизајн ги чува пијалоците топли или студени до 10 часа за вас и вашето бебенце. Има модерен, убав дизајн и шишето е заштитено со гумен слој.
Дали веќе пробавте некој од овие производи ?
Photo credit: twistshakemk