Home » 5 совети кога купувате облека за трудници

5 совети кога купувате облека за трудници

by mamma.mk

Доколку веќе го одминавте првиот триместар и стоите пред плакарот повеќе од 5 минути и размислувате кое парче од вашите алишта ќе ве собере, тогаш најверојатно е вистинското време да си купите некое ново парче облека за трудници.

Кога да купите трудничка облека?

Најчесто стомачето започнува да се појавува некаде од 12та до 18та недела па така, овој период може слободно да ги носите вашите алишта доколку ви се удобни и не ве стегаат околу стомачето. Штом забележите дека веќе мнозинството од вашите алишта не ве собирааат, а тоа е обично околу почетокот на вториот триместар, можеби е веќе време да си купете неколку основни парчиња облека кои ќе може да ги користите во бременоста како на пример: еластични хеланки, фармерки за трудници, маички за трудници и фустанчиња.

Кој број на облека треба да го изберете во бременоста ?

Одредувањето на големината за облеката за трудници функционира на ист начин како и облеката со редовна големина, што значи ако носите медиум, одберете медиум и за облеката за трудници.

5 совети кога купувате облека за трудници

  1. Купувајте парчиња облека во кои ќе се чувствувате удобно

Важно е она што ќе го носите да ви се допаѓа и да изгледа убаво, но пред се најважно е да се чувствувате удобно, конфорно и слободно во вашата облека. Па така, кога бирате облека за овие месеци изберете ја удобноста пред се.

  1. Купувајте парчиња што ви се допаѓаат

Во минатото изборот на облека за трудници и не беше така голем, за среќа денес имаме повеќе продавници кои нудат облека за трудници и доилки, па така и изборот е поголем и поголема е веројатноста дека ќе најдете облека која ви се допаѓа и одговара на вашиот стил на облекување.

  1. Бирајте облека за трудници која ќе може да ја носите и во периодот на доење

Доколку размислувате да го доите вашето бебенце, практично е кога ќе купувате облека за трудници да барате парчиња кои имаат отвор за лесно доење, со тоа ќе може да ги носите овие парчиња облека и во доенечкиот период.

  1. Купувајте облека која ќе може да ја носите и по бременоста

Не мора да значи дека доколку парчето спаѓа во категоријата облека за трудници дека не може слободно да си го носите и понатаму,  секако доколку моделот дозволува. Тоа е  особено значајно и во постпартум периодот кога вашето стомаче сеуште се познава и му треба време да се врати во  првичната предродилна големина.

  1. Избирајте парчиња кои “ќе растат” заедно со вас.

Практично е да избирате парчиња кои ќе ве собираат во текот на целата бременост, па дури и во 8иот и 9иот месец кога стомачето е навистина големо, па затоа практично е да избирате трудничка облека изработена од еластични материјали, прилагодливи ремчиња и копчиња за проширување. На пример фармерките со трегери имаат ремчиња кои се подесуваат и се лесно прилагодливи и за периодот на доење.

Сите моделчиња на сликите може да ги најдете на @mostlybabyshop продавница за облека за трудници, доилки и новороденчиња.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.