Home » Користење на цуцла лажалка

Користење на цуцла лажалка

by mamma.mk

Цуцла лажалка  – може да изгледа како магична алатка за родителите за смирување на бебето, на брз и лесен начин го спречува плачењето и го смирува бебенцето за само неколку секунди, но сепак треба да се внимава на препораките за употреба.

Кога станува збор за употребата на цуцлите, тие може навистина да го утешат вашето бебе и да го смират неговото плачење и вознемиреност, особено ако бебето има силна потреба за цицање, но сепак постојат и некои  работи кои треба да ги знаете и да внимавате на нив, пред да ја воведете цуцлата кај вашето бебе и додека ја користите.

Со цел цуцлата потенцијално да не влијае на процесот на воспоставување на успешна лактација, се препорачува  цуцлата да се воведе по 4 – 6та недела по раѓањето или кога сте сигурни дека лактацијата е веќе успешно воспоставена.

Постојат повеќе предности на цуцлата

  • Цуцлите делуваат смирувачки на бебенцата, бидејќи ја задоволуваат нивната потреба за цицање, а со тоа го намалуваат плачот и вознемиреноста кај бебенцето.
  • Цуцлите може да ви помогнат да го смирите вашето бебенце во некои специфични ситуации кога може да ви биде потешко да го смирите бебето на друг начин, како на пример при посета на лекар или при патување во авион.
  • Некои истражувања сугерираат дека употребата на цуцла го намалува ризикот од синдром на ненадејна смрт на доенчиња (SIDS).
  • Цуцлите можат да му помогнат на бебето да научи да се смирува, но и за дремки и пред спиење по доењето. Тие можат да му помогнат на бебенцето побрзо и полесно да заспие и да научи како самостојно да заспие.

Препораки на кои треба да внимавате

  • Важно е да ја користите цуцлата за смирување на бебето, но да внимавате да не ја занемарите вистинската причина за вознемиреност. Пред да му ја дадете цуцлата проверете да не има друга причина за плач и вознемиреност како: глад, промена на пелена, непријатност итн.
  • Бебето може да создаде навика за цуцла и да биде потешко да го одвикнете кога ќе порасне, а со тоа и да го зголеми ризикот од дополнителни дентални проблеми, особено доколку се користи по возраст од 2 години.
  • Доколку лактацијата сеуште не е успешно воспоставена, бебето има проблеми со доење или не сака да цица, тогаш најдобро е да го одложите давањето на цуцла се додека не сте сигурни дека лактацијата е успешно воспоставена.
  • Одржувајте редовно и секојдневно хигиена на цуцлата.
  • Не ја потопувајте во слатки, како на пример: мед.

Не двоумете се да користите цуцла ако тоа функционира за вас и вашето бебе, особено во период на спиење или доколку бебенцето е вознемирено, секогаш имајќи ги предвид препораките за внимание а особено знаците на глад. Некои бебенца уживаат во цуцлата додека пак, некои бебенца не можат да се навикнат на цуцла, па го преферираат нивното прсте како начин за утеха.

Предлог за цуцла Twistshake

Twistshake цуцла e Без BPA, BPS и BPF – безбедни за Вашето дете и за Вас со адаптиран штит кој ја чува бебешката кожа благодарение на нејзините четири, големи отвори за воздух.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.