Home » Што претставува Апгар Скор?

Што претставува Апгар Скор?

by mamma.mk

Што се случува со бебето веднаш по раѓањето и што претставува Апгар Скор или Апгар резултат?

Системот за бодување АПГАР е метод за проценка на здравјето на бебето веднаш по раѓањето.

Веднаш по раѓањето, бебето ќе биде оценето преку Апгар скор за да се утврди неговата здравствена состојба. Ова е рутински тест кој ја мери реактивноста и виталните знаци на новороденчето. Се проверуваат пет фактори:

  • отчукувањата на срцето односно пулсот
  • дишењето
  • бојата на кожата
  • активноста и тонусот на мускулите
  • рефлексна реакција на гримасата

Резултатот Апгар се одредува со собирање на сите нумерички резултати од различните области. Секоја област се оценува од 0-2. Оценувањето се прави во 1 минута по породувањето и повторно во 5 минута од животот на бебето.

Тестот обично се прави на една и пет минути по раѓањето, а може да се повтори подоцна ако резултатот е и остане понизок. Резултатите обично под 3 бода генерално се сметаат за критично ниски, од 4 до 7 бода,  прилично ниски и над 7 генерално нормални. Нискиот резултат на едноминутниот тест може да покаже дека на бебенцето му е потребна медицинска помош, но не е нужен показател дека ќе има долгорочни здравствени проблеми, особено ако има подобрување до петминутниот тест.

Овој брз и лесен тест е даден првенствено за да се види дали на бебето му треба помош за дишење.

Резултатот од 7-10 генерално се смета за нормален резултат.
Ако бебето го добие овој резултат, не се потребни посебни активности. Понискиот резултат значи дека некои дополнителни мерки, може да бидат потребни.

Инаку овој тест го добил името по Вирџинија Апгар, неговиот пронаоѓач. 

Во нејзина чест  и за да им се помогне на студентите по медицина да полесно да го запомнат, името АПГАР  е кратенка од (Appearance, Pulse, Grimace, Activity, Respiration) односно изглед, пулс, гримаса, активност, дишење.

 

Ако сакаш да дознаеш што се случува со бебето после породувањето, кои се процедури треба да ги очекуваш во болница, какво е неговото однесување, сетила и кои се неговите потреби во првите месеци како и првите денови и недели по породувањето може да ја разгледаш програмата за КУРСОТ ЗА РАЗВОЈ НА БЕБЕ ОД 0 до 6 МЕСЕЦИ кој досега на многу мајки им помогна да научат повеќе како да се грижат за своето бебе, кои активности да ги прават заедно и какви вежби да прават во текот на првите 6 месеци за правилен раст и развој на бебето.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.