Home » 5 ИДЕИ ЗА ОБЛЕЧИЊА ЗА БЕБЕ ВО ТОРБАТА ЗА БОЛНИЦА

5 ИДЕИ ЗА ОБЛЕЧИЊА ЗА БЕБЕ ВО ТОРБАТА ЗА БОЛНИЦА

by mamma.mk

Бирањето и купувањето на облеката што вашето бебе ќе ја носи дома од болница е еден од најзабавните делови од чекањето на бебенцето да дојде на овој свет. Вашето бебенце ќе ја носи оваа облека кога ќе го запознае светот а и сигурно ќе сакате да го овековечите овој момент со многу фотографии. 

Постојат толку многу слатки сетови облека за новороденчиња и преголеми избор што понекогаш изборот може да биде тежок. Затоа одбрав неколку идеи на гардероба која може да биде дел од вашата торба за во болница, но сепак пред се во изборот, треба да ја земете предвид сезоната во која бебенцето ќе се роди. 

1.Боди по кратки или долги ракави

Во зависност од сезоната изберете боди со кратки или долги ракави со најмало бројче да биде дел од облеките кои за прв пат ќе му ги облечете на вашето бебенце додека сте во болница или си одите за прв пат дома.

2.Шпилхозни или дводелно сетче облека

Бирањето на првата облека со која ќе го донесете бебче дома е обично голема радост! Можете да одберете некој интересен дезен на шпилхозни или дводелно сетче облека.

3.Чорапчиња

Чорапчињата исто така треба да бидат дел од гардеробата за бебенцето која ќе ја носите во вашата торба за во болница. Памучни и меки за малите ноџиња.

4.Капче

Сепак се зависи од сезоната и температурите но капчето е дел од облеките кои најчесто го наоѓаат своето место во торбичката за во болница. Изберете памучни материјали за вашето новороденче.

5.Прекривка од муслин

Тие се толку практични и нивната примена е навистина широка од лесна прекривка за бебенцето до заштита за вашата облека додека го доите бебето. Па така една прекривка од муслин, сигурно ќе ви биде од практична примена во торбата за во болница.

 

Сите моделчиња на облека во ова статија може да ги најдете на профилот кај Georgekids.mk или кликнете тука.

Photo credit: Georgekids.mk

 

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.