Понекогаш новите родители може да се чувствуваат беспомошно кога бебето плаче и инстиктивно да прават работи да го смират бебенцето како лулање, нишкање, доење, повивање или да започнат да го тешат бебето со звукот шшш….шшш…..шшш… Сите овие работи се утешителни за бебето бидејќи го потсетуваат на сензациите кои ги доживеало во стомачето на мама.
Бебенцата се навикнати на постојан звук во матката, кој доаѓа од нормалното функционирање на вашето тело, па така не е чудно доколку новороденчињата не се чуствуваат безбедно во тотална тишина, постојани шумови како бела и розова врева, слични на оние во матката на мајката може да делуваат утешително и да го смират бебенцето кога плаче и е вознемирено.
Истражување кое било спроведено на новороденчиња на возраст до една недела, покажало дека околу 80% од нив заспале како одговор на бела врева, додека околу 20% заспале спонтано. Истражувањето покажало дека бела врева може да им помогне на мајките да ги смират бебенцата кои се вознемирени.
Сакам да ви го претставам Whisbear
Скоро имав прилика да се запознаам со Whisbear, преслатки мечиња за новороденчиња,
безбедни од 0+ кои освен нивниот сладок изглед, имаат и практична функција да го утешат вашето бебенце и да му помогнат полесно да заспие со испуштање на звуци на розови шумови.
Овие звуци делуваат смирувачко за бебето бидејќи го потсетуваат на шумовите во матката.
Она што за мене е најинтересно е дека овие мечиња буквално реагираат секој пат кога вашето бебе ќе заплаче.
Имаат сензор за плач (CRY Sensor) што може да препознае кога бебенцето ќе започне да плаче и автоматски ќе се вклучи со смирувачки звуци на розови шумови за да го смири бебето што е вознемирено.
Како функционира?
Ова меченце произведува звук на розови шумови 40 минути, со што му помага на бебенцето да заспие, а потоа звукот на розовите шумови се исклучува, но сензорот на плач (CrySensor) останува активен и повторно се вклучува секој пат кога ќе детектира дека вашето бебенце плаче.
Многу е лесно за употреба бидејќи се ракува со едно копче, со кое можете да го исклучите и вклучите уредот за шумови, да го подесете звукот и да го ставите мечето, дирекно на сензорот за плач(CRYSensor).
Мечињата се преслатки, премеки и нежни на допир, а текстилот од кој се изработени е направен од високо квалитетен сертифициран и тестиран материјал. Мечињата имаат и магнети во нивните шепи, па така играчката може да ја закачите за колепка, креветче или количка и да биде секогаш со вас.
Што е розова врева?
Сигурна сум дека сте слушнале за бели шумови(white noise), бела врева или бучава, често ја препорачувам и на часовите за трудници како начин на утешување на бебеце, но всушност постојат повеќе “бои” на шумови како бела, кафена розова врева итн… Некои експерти сметаат дека розовите шумови (pink noise) се уште подобри и од белите шумови, разликата е тоа што кај розовиот шум моќноста се намалува со фреквенцијата и па така високите тонови потешко се слушаат, што на некој начин допринесува овој шум да биде попријатен за слушање.
Едно истражување кое ги испитувало ефектите на розовите шумови покажало дека постојаниот розов шум има значаен ефект врз поттикнување на постабилно време на спиење со што се подобрува квалитетот на сонот.
Совети за користење
Користете ги овие мечиња да им помогнете на бебенцата да заспијат побрзо, полесно и да се чувствуваат побезбедно, освен тоа овие звуци на шум може да ги “маскираат” останатите звуци во вашиот дом што може да го разбудат бебeнцето, како миење чинии, подготвување на ручекот и слично.
Важно е да го користите со удобен волумен, не дирекно до неговите ушиња, а за таа цел овие мечиња имаат уште една супер функција, безбедно вградени магнети во нивните шепи со кои може да ги прикачите на креветчето, количка за да бидат на безбедно растојание од вашето бебенце.
Она што е супер практично за е дека играчката може лесно да се мие, рачно но и во машина само треба да се отстрани уредот за шумови предходно.
Интересени факти за Whisbear мечињата
Создадени се од две мајки за полесно успивање на бебенцата, а освен што имаат добиено и бројни меѓународни награди и признанија ги користи и војвотката Кејт Мидлтон.
Со Елена користев доста бела врева за да ја утешам во моменти кога беше вознемирена, но сега едвај чекам да го испробам Whisbear зајчето со розова врева за бебенцето што е на пат.
Мечињата може да ги најдете во повеќе бои и форми на веб страната https://whisbear.al/mk/ или инстаграм профилот https://www.instagram.com/whisbear_macedonia/
Photo credit: https://whisbear.al/mk/