Воведувањето на цврста исхрана е еден од најзабавните периоди во првата година на вашето бебенце. Толку многу вкусови и текстури ќе бидат откриени, од слатка крушка и јаболче до солено сиренце и јогурт, сепак, воведувањето на цврста исхрана е само почеток на цел овој нов свет на вкусови за вашето бебенце.
Кога бебињата почнуваат да јадат цврста храна?
Многу експерти препорачуваат воведување на цврста храна по 6тиот месец од животот на вашето малечко доколку е на ексклузивно доење, иако започнувањето со воведување на храна се случува обично од 4 – 6 месец, сепак одлучувачки фактор кога бебенцето ќе започне со воведување на цврста исхрана зависи од неговиот индивидуален раст и развој и препораката од вашиот педијатар.
Кои производи ви се потребни за периодот на воведување цврста храна?
Не сте сигурни кои производи ви се потребни за започнување со воведувањето на цврстата исхрана кај вашето бебенце?
Подолу се неколку идеи на производи кои е добро да ги имате за почетокот на воведување на немлечна исхрана а, и со тоа да го охрабрите вашето бебенце да ужива додека пробува нова храна, па дури и ако добар дел од кашичката остане на лигавчето.
- Се разбира најпрво лажиче
Првите вкусови се обично овошни или зеленчукови кашички и за нив е убаво да одберете лажички кои одговараат на возраста на бебето кога ја воведувате исхраната односно 4+ или 6+. Може да изберете лажичка со долга рачка која ќе обезбеди лесен и уреден пристап
до бебешката тегличка и која ќе биде лесна за чистење или погодна за машинско миење.
Пример на лажичка Twistshake 4+
Twistshake закривената лажица за хранење е развиена за да одговара за јадење
од теглички и длабоки чинии и дизајнот е создаден така што бебенцето ќе може добро и мирно да ја држи лажичката во малите рачиња.
- Чинија ( длабока, плитка или со прегради)
Почнувајќи од неколку лажички јаболче, па до целосни оброци за вашето бебе, добра идеја е да имате неколку чинии, особено бебето кога ќе започне со повеќе оброци на ден. Советувам длабока, плитка и чинија со прегради за различните видови оброци кои ќе му ги припремате на вашето бебенце. Од практични причини избирајте чинии со капак, со кои ќе може да ја складирате храната или да ја ставите во торбата и да излезете на прошетка со вашето бебенце.
Овие Twistshake чинии морам да ги препорачам бидејќи се навистина практични, доколку ги користите со нелизгачката подлога, сите имаат нелизгачко дно кое го спречува на лизгањето на чинијата од масата, а освен тоа имаат и капак и сите чинии може да се редат една врз друга со функцијата twistclick за да зафаќаат помалку простор.
- Чашка
Кога бебенцето започнува со пиење на водичка заедно со воведувањето храна, може да одберете чашка со клунче која е супер избор за децата кои учат да пијат.
Пожелно е да има рачка со која детенцето ќе може да ја држи и нема да ја истура водата.
Предлог за чашка Twistshake mini чашка
Тwistshake мини чашката е е лесна за држење во малите детски рачиња и за чистење, а она што посебно ми се допаѓа кај неа е миксерот за овошје со кој може да создавате преубави пијалоци. Измешајте ги вашите омилени овошја со
вода и протресете за да создадете вкусна, здрава,
вода со природно овошје.
- Лигавче
Секако што ќе решите да започнете со дохрана обезбедете и лигавче со цел да ја заштитите облеката на бебето. Пожелно е лигавчето да биде лесно за чистење и да има џебче кое нема да и дозволува на храната да падне долу.
Предлог за лигавче Twistshake 2x Лигавче 4+m
Лигавчето не и дозволува на храната да се истури. Има лентата за врат која е прилагодлива и прилагодена големина, а тоа спречува да се заглави под масата.
Кога бирате лигавче важно е дека е изработено без BPA, BPS и BPF и е безбедно за вашето дете и за Вас и што мене најмногу ми се допаѓа погодно е за машинско миење во горниот дел.
- Изолиран сад за чување храна
Честопати ќе шетате и ќе бидете надвор од вашиот дом за време на оброците на бебето, па така, навистина е практично да имате сад за чување храна со кој лесно ќе може да го нахраните бебенцето со домашно приготвена кашичка дури и кога сте надвор.
Предлог за изолиран сад за чување храна Twistshake
Twistshake изолиран сад за складирање храна, ја чува храната на Вашето бебе,
топла или студена, до 10 часа.Садот за храна е идеален кога сте во
движење и содржи лажица што може да се свитка.
Photo credit: Twistshake mk