Home » Ваши приказни – Ние жените сме чуда на природата

Ваши приказни – Ние жените сме чуда на природата

by mamma.mk
Дали беше болно?

УФ, беше и тоа многу.
Последните 3 прста кога се отварав, со природно пукнат водењак (спонтан пораѓај) беа нереално болни, имав прејаки киселини и нагони на повраќање.

Друго што кога добив нагони за одење по голема нужда немаше слободен бокс за пораѓај, а дете тргнува, јас не смеам да дадам напон и ми доаѓа паника и во моментот како да ќе се онесвестам некоја топлина.
Не е ни чудо што толку ме болеше, бебето 4590гр, без никаков епидурал или олеснувања, природен пораѓај со 11 конци шиена.
Иако пораѓајот беше болен таа болка речиси и да не ми пречи и не е толку страшна колку хемороидите и неспособноста која ја имав првата недела.
Како и да е, за она што животот ми го подари се исплатеше секоја секунда болка и секоја мака.
Ние жените сме чуда на природата, кралици и треба да сме свесни колку сме издржливи и колку можеме.
Силата која ја враќа бебето во моментот кога ќе биде прегрнато, е сила која е поголема од сите сили во природата.
Топлината и среќата која ја носи со самото доаѓање на овој свет е нешто кое не може да се изедначи со ниту една убавина која ни се случува во животот.
Со среќа, со позитивна мисла и без страв.
Болката поминува, ама љубовта од детето ќе ја имаат до крајот на животот 🥰

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.