Оваа приказна доаѓа од мојата мила цимерка, со која ја делевме собата кога се породив со Јоана.
Бев личен сведок на нејзината храброст и сила во тие тешки моменти кога ги гледаше малечките по 10 минути на ден. Секоја чест мамичке на издржливоста, мајките на предвремено родени бебенца наоѓаат неверојатна храброст и сила да се соочат со сите предизвици кога станува збор за нивните малечки.
“Мила Сандра мојата приказна ја знаеш уште од првиот ден од болничката соба која ја делевме 🥰 моите борци родени во 32+4 недела ме направија најгордата и најсилната мама на светот.
Да се биде мајка на такви херои значи многу непроспиени ноќи, едвај чекање да одиш да ги посетиш и да им ги допреш рачињата, да им однесеш млекце и да се радуваш што го прифаќаат💜
Значи и многу сила, солзи, борби, огромна издржливост, пожртвуваност. А дури на крај кога борците мајки си одат домче со своите херои сфаќаат што се поминале и издржале и ако треба пак би поминале низ истото за своите дечиња.
Јас имав можност сите денови додека тие се бореа во болница да бидам до нив 24ч дневно и да гледам секој ден колку големи борци се.
До мајките чии херои спијат во стаклени креветчиња праќам многу сила и утеха, издржете, најмалите се најсилни и ќе си дојдат дома 🥰”