Курсот за ЦАРСКИ РЕЗ – Опоравување, вежби и нега е наменет за трудници кои планираат да се породат со закажан царски рез или мамички кои веќе се породиле со царски рез. Овој курс е создаден за да ви помогне да се подготвите и успешно се опоравите по царски рез преку бројни практични упатства, совети, информации што смеете, а што не смеете да правите, кои позиции да ги користите за време на доењето, како да се движите во првите денови и вежби до 12 недела за опоравување и враќање на силата во телото.
Курсот го објаснува целосниот процес на царски рез, вклучувајќи ги и причините, процедурата на царски рез, знаците на предпазливост по операцијата и знаците на можна инфекција. Преку детални објаснувања, ќе стекнете разбирање како се одвива процедурата и што може да очекувате во текот на операцијата и по неа.
Од особено значење ќе бидат информациите за првите движења во болничкиот кревет и вежбите за опоравување уште од првиот ден. Дипломиран физиотерапевт – Мартина Исаковска-Стојановска ќе ви даде упатства чекор по чекор за првите движења, но и понатаму вежби за секоја недела за зајакнување на мускулите и враќање во форма. Целта е да ја подобрите силата и поддршката на вашето тело и полесно да се опоравите и да се вратите во форма.
Курсот опфаќа и информации за грижата и нега на раната по царски рез. Се надеваме дека нашите јасни упатства и совети ќе ви помогнат да се чувствувате удобно, сигурно и брзо да се опоравите по породувањето со царски рез.