Јас исто имав лесно породувањe .
Се породив на 24 септември , претходниот ден бев на цтг и матичната ми рече дека сеуште е рано бидејќи не покажуваше никакви знаци .
Цел ден ми беше нормален, но со посебна возбуда…
Ноќта околу 04 часот ми пукна водењакот, но течеше по малце , по пророда сум паничарка, но бев премногу смирена сопругот беше спремен пред мене , се упативме кон ГАК кога стигнавме ме ставиа на цтг еден час ( тука сестрата спиеше 😂) и кога ја разбудив викна “Ллелеле пааа ти имаш болки” а јас не чуствував ништо , ме прегледаа бев отворена 4 прсти.
“Се ќе биде брзо” , така и беше на вторит напон искочи моето чедо и си реков евееееее гооооо !!! ☺️
Најубавиот мирис, најубавиот плач, најубавото чувство го добив во 10:45 .
Секако применував и техники за дишење ама се се одвиваше брзо .