Home » После дождот доаѓа сонце

После дождот доаѓа сонце

by mamma.mk

Мојата приказна за двете бремености
Првата бременост за жал заврши прекратко.
По 6месеци втора бременост до 17та недела се беше во ред, во 18та недела се направив серклаж (шиено грлото на матката) бидејќи почна да ми се крати, ова беше со време направено а за првата бременост веќе беше касно.. од 18тата недела до 32недела строго мирување и лежење смеев само до 🚾 и капење 3-5 мин и станување за на контроли .. болки имав до крајот дури да се породам секоја 2-3 вечер на болница на инфузии да се смират болките да не дојде до предвремено пораѓање.. Контроли во една недела и по два пати имав и правење на ctg исто така.. терминот ми беше 29 март а се породив на 5ти фебруари..

Јас сум од Битола породена во Скопје (да би раѓала пак, пак Скопје би се породила)

Во 27-29 недела примено инекции за дишењето на бебето исто во случај да не се роди предвреме иако сама на гинекологот му кажував дека знам дека ке се роди предвреме ..

На 2ри февруари со јаки болки одма на преглед грлото 1мм во 32недела и 2дена истата вечер упатена за скопје поради тоа шо кај нас немаат никаква опрема за предвремени бебиња (жално) по 1ч тргнавме за скопје вечерта во 23ч стигнавме ме примија другата ден направени брисеви излезе бактерија, плодовата вода покачена плус откриен скриен шеќер 2дена лежев на ПИН а породена на ГАК.
05.02.22 4:20ч се будам од спиење со болки реков ништо страшно како и секогаш шо биле болките така и овие само шо станав од кревет водењакот пукна и сестра побарав дури во 5 и 10ч бидејќи си продолжив со спиење😂

Од кога викнав сестра одма направено ctg со јаки болки па прегледи, па си се вратив во соба да си поспијам😂 во 7:30 вадење на конци од серклажот па пак ctg pregled и 10:15ч бебушот дојде на свет 32недела 4дена 2320g 45cm уште еден природен пораѓај без епидурална шо би рекла јас се на живо😂 и плус сечена.

Поминавме без инкубатор само кислород по 6 дена конечно ми го донесоја во соба среќна прееесреќнааа …..

После дождот доаѓа сонце ☀️🌈

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.