Home » Мојата НЕВЕРОЈАТНА приказна…

Мојата НЕВЕРОЈАТНА приказна…

by mamma.mk

Приказна од една наша мамичка @twinsbeansmk и нејзиното искуство со забременувањето….

“Се навраќам на моето искуство и моите емоции во период пред точно една година, кога посакував второ детенце.

Очекував дека патот нема да биде лесен, но мојата упорност и желба беа посилни од се.

Мојата дијагноза и наод беа: низок АМХ и висок ФСХ. Тие жени кои поминуваат низ фазата во која испитуваат се, сакајќи да го пронајдат проблемот зошто не можат да забременат, знаат за што се работи, но секако ќе објаснам за другите читатели да бидат информирани.

АМХ, односно АнтиМилеров Хормон е хормон кој се произведува од страна на фоликулите во јајниците и ја покажува преостанатата резерва во нив. Има табела колку би требало да изнесува вредноста според вашата возраст. Колку сме повозрасни, толку хормонот и резервата на јајце клетки ни се намалува. Мојата вредност беше 0.059, што е показател дека јас немам воопшто резерва, според докторите нема шанси да забременам по природен пат, а и прашање е дали ќе забременам по пат на ин витро. Хормонска терапија, во овој случај не смее да се користи, бидејќи немам фоликули, односно според наодот сум влезена во пред менопауза…

Сигурно знаете дека во медицината 2+2 не е 4, медицината не е математика, па да си играат докторите со бројки. Вие како пациент не сте една обична бројка, вие сте индивидуална и единствена ЛИЧНОСТ, која треба да има доктор на кој ќе му верува и кој знае дека се е ВОЗМОЖНО. Доктор, кој пред се е човек и сочувствува и заедно со вас се бори за да дојдете до посакуваната цел! А не доктор, кој ќе ви ги одземе соништата, надежта и вербата, како што мене двајца од тие специјалисти за неплодност пробаа да ми ја земат. Првиот доктор, кога ми ги виде резултатите, и ми направи преглед на ехо, заклучи дека јас сум една бројка, дека јас немам воопшто јајце клетки и дека доколку сакам да забременам, ќе морам да купам донирани јајце клетки! Видете, мене не ми е тоа проблем, јас да не забременев сигурно ќе размислував за опцијата донирани ј.клетки. Сепак, не ми значи дали бебето ќе има мои гени, важно ќе имам бебе и ќе го сакам исто толку колку што би го сакала да има и мои гени… Но, докторите веќе станаа бизнисмени. Ретки се тие доктори, кои навистина веруваат во невозможното и те бодрат до крај се со тебе. А на крајот од тунелот, секогаш има светлина и надеж, како и опции дали сакаш ова или она. Другите тројца специјалисти по Неплодност, според резултатите и хормонските испитувања исто така, ми кажаа дека единствена опција да пробам да забременам ми е ИнВитро, но дека не смеам да прават стимулација, бидејќи немам многу резерва на јајце клетки преостанато.

Никогаш нема да ги заборавам зборовите на мојата матична докторка гинеколог, кога со очај и кажував што ми кажале докторите и колку сум разочарана, и она само ми рече… А што викаш ти да ги зезнеш и месецов да останеш бремена а? Тебе некој ќе ти кажува неможеш пфф и она ми ја раскажа нејзината приказна, како и на неа исто и збореле во минатото дека не може да остане бремена (и тоа нејзина реномирана професорка) и сопругот нејзин на тоа и рекол “мене никој нема да ми каже колку деца ќе имам и дали ќе имам” Жената, ми даде толку голема верба и некоја сила толку убава енергија што вечно ќе сум и благодарна. Тој преглед ми имаше завршено овулацијата, која поради стресот кој ми го приреди господинот Доктор, ми се поместила(каснела)за една недела.

Најчудно и нај неверојатно нешто е дека целото тоа време, додека сите ми збореа дека не можам да забременам, дека имам само еден фоликул и тоа тројца од докторите ми потврдија дека сигурно бил празен без јајце клетка во него, јас баш тој месец останувам БРЕМЕНА! И тоа, не со едно бебе, туку со ДВЕ!

Драги жени, верувајте во СЕБЕ, верувајте во ВАШЕТО ТЕЛО и МОЌ!

Само ВИЕ можете да се изборите со се и секој! Да поместите планини и карпи, со вашата сила од невозможно да направите возможно! Секое НЕ, за вас да биде ДА!

Со голема СИЛА, ВОЛЈА,УПОРНОСТ,ВЕРБА можете се да постигнете.

Само е важно да си верувате на самите себеси, и на никој друг!

Во некој друг пост, ќе ви ја раскажам и мојата приказна за бременост со близнаци, серклаж, bed rest, предвремено породување, скратен цервик и слично… 

Останете силни и убави какви што сте! Гушкањеее xxx “

Инстаграм страна: @twinsbeansmk

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.