Home » Мислите на една мама: Понекогаш посакувам време само за себе…

Мислите на една мама: Понекогаш посакувам време само за себе…

by mamma.mk

Како мајка, често се наоѓам во ситуација каде што целото мое време и енергија се посветени на моите деца и семејството. Иако ја сакам таа улога и ја прифаќам со сето срце, понекогаш посакувам малку време само за себе. Мајчинството е прекрасно, но знае да биде понекогаш и тешко, обврските се многу, одговорноста на работа, обврските во домот, одговорноста за воспитување на детето е голема, она што го правиме како мајки во голем дел влијае врз развојот на нашите деца, а денот сепак на крај има само 24 часа. Понекогаш си мислам дека ми треба еден час плус во денот за да го најдам тоа време за себе.. .

Понекогаш забележувам дека многу мајки го чувствуваат истото, но ретко се осмелуваат да го кажат на глас.

Ова не значи дека сум себична или дека не го сакам своите деца. Напротив, времето за себе ми помага да се обновам, да се наполнам со енергија и да се вратам уште посилна и посреќна за моето семејство. Секој од нас има потреба од моменти на мир, за да се поврзе со себе и да ги обнови своите сили. Времето за себе ми овозможува да се сетам на тоа која сум јас како личност, не само како мајка.

Често, мајчинството значи жртвување на сопствените потреби за благосостојбата на детето. Но, според мене за да се биде добра мајка значи и да се грижиш за сопствената благосостојба.

Кога ние сме среќни и задоволни, можеме подобро да се грижиме за нашите деца и да им даваме уште повеќе љубов и внимание. Кога ќе си дозволиме време за одмор и релаксација, стануваме подобри родители, партнери и пријатели.

Малите моменти на самотија може да бидат драгоцени. Можеби тоа за некој е време за читање книга, прошетка во природа, пиење кафе во мир, вежбање, гледање филм или посветување на некое хоби кое го сакаме. Овие активности ни помагаат да ја обновиме нашата енергија и да се чувствуваме поосвежени и подготвени да се справиме со предизвиците на мајчинството.

Затоа, иако некогаш е тешко да се најде време покрај бурата на обврски како мама, гледам да успеам да  тргнам неколку часа во неделата само за себе, за да се релаксирам, да се посветам на моите хобија и да се вратам со нова енергија.

Затоа што на крајот, една среќна и задоволна мајка е најдобрата мајка што можам да бидам. 🌸

Потребата за време за себе не значи дека не успеваме како мајки, туку напротив, покажува дека разбираме колку е важно да се грижиме за себе за да можеме да се грижиме за нашите деца. Кога сме среќни, способни сме да им дадеме уште повеќе љубов и поддршка на нашите деца.

Мајките заслужуваат да се чувствуваат добро, да имаат време за себе и да ги следат своите интереси и пасии.

Ова не е само добро за нас, туку и за нашите деца, кои учат дека е важно да се грижат за себе и да ги следат своите соништа. Времето за себе не е луксуз, туку потреба која придонесува за среќата и благосостојбата на целото семејство. 🌸

 

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.