Home » Купи курс

Купи курс

by admin
Најпрво честитки! Бременоста е еден прекрасен период кој е исполнет со премногу емоции кои ве преплавуваат вам и вашиот партнер додека го чекате доаѓањето на свет на вашето бебе. Можеби  се чувствувате радосни и возбудени или пак загрижени и преокупирани со многу прашања, како ќе се породам,  дали ќе почувствувам болка, како ќе ги препознаам првите знаци на породување, кога да заминам во болница, како да се грижам за моето бебе, како правилно да го дојам, капам, менувам пелена и сигурна сум дека уште многу други мисли и прашања секојдневно поминуваат низ вашите мисли. Не грижете се, оваа програма е создадена токму за вас и вашите потреби и ќе ви помогне да научите повеќе за бременоста, симптомите, начинот на живот во бременоста, раѓањето, справувањето со контракции и грижата за новото бебе цо цел да ви помогне  да се чуствувате поподготвено,  но и да ги смири вашите стравови и да  одговори на вашите прашања.
Курсот  опфаќа 6 одделни предавања (вкупно 109 лекции) на кои имате пристап во текот на 4 недели од купувањето на курсот.
Предавањата можете да ги следите на www.mamma.mk со ваше темпо, кога сакате и од каде сакате.
Цената на курсот е 1590 денари, а можете да го купите на линкот подолу.
ПРОГРАМА на курсот
1. Предавање – Пренатален период
2. Предавање – Теорија на породување
3. Предавање – Техники за справување со контракции и болки
4. Предавање – Доење и исхрана на новороденче
5. Предавање – Нега на новороденче
6. Предавање – Постпартум нега на мајката
Освен предавањата курсот содржи и бонус дигитални материјали како чек листи за болница и производи потребни за бебе, вежби, аудио медитации, вежби за релаксација, позитивни афирмации и потсетници…
Еднаш месечно одржуваме лајф состанок преку апликацијата Zoom на кој ќе се запознаеме и ќе одговориме на вашите прашања поврзани со бременоста, породувањето и бебенцето.
Со нетрпение ја очекувам нашата дружба!

➤ Купи е-курс тука

Доколку немате можност да го купите курсот онлајн, контактирајте не на социјалните медиуми и ќе ви дадеме дополнителни информации за офлајн купување на курсот.
×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.