Како што знаете, на курсот за трудници често препорачувам масажа во текот на бременоста, особено доколку чувствувате болки во грбот или замор. Масажата е еден прекрасен начин да си подарите момент на нега, но и активно да го поддржите вашето тело за време на ова важно патување.
Доколку барате место со терапевти кои се обучени за пренатална и постнатална масажа ви ги препорачувам Fit Baby Spa, масажата не е само луксуз – таа е поддршка, нега и љубов за секоја мама.
Нивните терапевти се обучени за работа со трудници и нови мајки, со посветеност на безбедноста и благосостојбата на жената во секоја фаза од мајчинството.
Пренатална масажа во бременоста
Оваа масажа е наменета за бремени жени и најчесто се препорачува по влезот во второто тромесечје (по 12тата недела). Таа нуди бројни придобивки:
• Го намалува стресот и анксиозноста
• Ги ублажува болките во грбот, вратот и нозете
• Помага против отеченост (особено на нозете и стапалата)
• Го подобрува квалитетот на сонот
• Поттикнува подобра циркулација и лимфна дренажа
Се изведува со прилагодени техники и позиции за максимална удобност и безбедност, со користење на безбедни масла и нежни движења.
Колку често?
Вообичаено, пренаталната масажа може да се прави еднаш неделно или на 10 дена, во зависност од потребите на трудницата и препораката на лекарот.
Постнатална масажа
По породувањето, телото на мајката поминува низ големи промени – физички и емоционални. Постнаталната масажа:
• Го забрзува процесот на опоравување
• Го намалува напрегањето во мускулите (особено поради доење или носење бебе)
• Ја подобрува циркулацијата и го поддржува враќањето на хормоналната рамнотежа
• Помага во намалување на стресот и подобрување на расположението
Кога може да се започне?
Ако нема компликации, постнаталната масажа може да започне 5–7 дена по природен пороѓај, а по царски рез – откако ќе заздрави раната и со одобрување од лекарот.
Колку често?
Се препорачува 1–2 пати неделно во првите 6 недели по породувањето, а потоа според индивидуалните потреби.
Доколку сакате да си закажете масажа и да го добиете најдоброто од стручни лица, може да си закажете на следиот линк: