Fit Baby Spa е првиот центар во Македонија посветен на бебиња од 0 до 2 години и трудници.
Тој нуди совети за новите родители и има за цел да го подобри физичкиот и менталниот развој на бебето. Како концепт, користи две главни компоненти: хидротерапија и неонатална масажа, заедно со нежни пасивни вежби.
Тие ни ги споделија што е нивната мисија и кои се бенефитите од нивните третмани:
“Исто така, во нашиот концепт сметаме дека е неопходно да се применат и третмани и масажи за мајки за време на бременоста и после породувањето. Физичкиот и психолошкиот товар од бременоста и породувањето може значително да го ослабне младото тело на мајката, оставајќи ја ранлива на ризик во идните бремености.
На секоја бремена жена ѝ е потребен пристап до пренатална и постнатална нега, со цел да се обезбеди нејзиното здравје и благосостојба, како и здравјето на нејзиното бебе.”
Нашата мисија
Мисијата на нашата компанија е многу едноставна – насмевка на лицето на секое бебе.
Ова е затоа што ние силно веруваме дека бебињата се развиваат и физички и психички најдобро кога се среќни и задоволни. А кога бебињата се среќни, родителите се среќни – а тоа нè прави и нас среќни.
Зошто е важна масажата за вашето бебе?
Бебешката масажа, преку допирот, е единствениот јазик што го користиме за да комуницираме со нашите бебиња. Многу е важно постојано да им даваме љубов и грижа, за да растат и да се развиваат што е можно поздраво.
Покрај тоа, студиите покажуваат дека масажата:
- Влијае на емоционалниот и когнитивниот развој на детето.
- Го поддржува и стимулира дигестивниот систем, како и циркулаторниот систем.
- Ги редуцира проблемите со запек и колики.
- Влијае на зголемување на апетитот и регулирање на телесната температура.
- Го намалува стресот и го поттикнува општиот развој.
Какво влијание има хидротерапијата за вашето бебе?

FIT Baby Spa е место каде вашето бебе, од втората недела по раѓањето, може да започне физичка активност со специјално дизајниран уред за пливање. Овој уред ги поддржува бебињата во вода, овозможувајќи им слобода на движење.
- Мускулната и скелетната сила се зголемуваат преку нежниот отпор на водата.
- Движењето низ вода позитивно влијае на дигестивниот систем и циркулацијата на крвта.
- Нежниот притисок на водата во градите може да го зголеми капацитетот на белите дробови, со зајакнување на меѓуребрените мускули и респираторниот систем.
- Редовните посети можат да бидат корисни за кардиоваскуларниот систем.
Може да ги заследите или да ги контактирате за закажување на хидротерапија на бебенце, или масажа за трудници или мајки на следниот линк: FIT BABY SPA