Како мајка, знам колку е важен сонот не само за децата, туку и за нас, родителите. Недостатокот на квалитетен сон може да влијае на расположението, енергијата и целокупниот баланс во семејството. Затоа, денес разговараме со Сања, сертифициран тренер за спиење од Dr. Goodnight, која ќе ни одговори на најчестите прашања поврзани со детскиот сон.
1. Кој е најчестиот проблем со кој се соочуваат родителите кога станува збор за спиењето на нивните бебиња и мали деца?
Најчестиот предизвик со кој се соочуваат родителите се честите ноќни будења на нивните бебиња и мали деца. Некои деца се будат неколку пати во текот на ноќта, додека кај други овие будења можат да достигнат и до 10 пати. Дополнително, кратките дремки во текот на денот се исто така чест проблем, кој го отежнува воспоставувањето на еден здрав и стабилен ритам на спиење. Овие нарушувања во сонот влијаат не само на детето, туку и на целото семејство, што резултира со замор, фрустрација и намален квалитет на живот за сите членови.
2. За што најчесто те контактираат родителите? Можеш ли да издвоиш некој интересен пример?
Најчесто родителите ме контактираат со желба да му помогнат на своето дете да има поквалитетен сон, односно да почне да ги преспива ноќите и да стекне здрави навики на спиење. Во текот на изминатите девет години имам работено со голем број семејства и сум се соочила со најразлични предизвици.
Еден од најкомплексните случаи што би го издвоила е бебе кое 13 месеци спиеше исклучиво легнато врз градите на својата мајка. Детето не прифаќаше да спие на кревет, што значеше дека мајката цела ноќ мораше да остане во полулежечка положба, без можност за одмор или квалитетен сон. Процесот на промена траеше скоро два месеци, бидејќи се одвиваше постепено и внимателно, без нагли промени. Првин го учевме детето да спие во лежечка положба, потоа да спие легнато на кревет заедно со мајката, а следниот чекор беше да се префрли во свое креветче. Последната фаза беше детето да заспива самостојно. Благодарение на индивидуалниот пристап и постепената промена, овој процес беше успешно реализиран со минимален протест од страна на детето.
Денес, ова бебе е здраво четиригодишно момче кое сака да спие, редовно заспива во 20 часот и спие непрекинато до 7:30 наутро. Ова не само што го подобри сонот на детето, туку целосно го трансформираше квалитетот на животот на целото семејство. Ова се токму оние моменти што ме мотивираат да продолжам да ја усовршувам мојата работа и да им помагам на родителите да го подобрат сонот на своите деца.
3. Кој е најголемиот мит за детскиот сон што би сакала да го разбиеме еднаш засекогаш?
Еден од најголемите митови е дека ако детето не спие преку ден, ќе спие подобро навечер. Напротив, ако едно бебе е преморено поради недоволно дневно спиење, тоа најчесто резултира со уште понемирен и фрагментиран ноќен сон. Преморените бебиња потешко заспиваат, почесто се будат и имаат пократки циклуси на спиење.
Друг многу распространет мит е дека детето мора да биде одвикнато од доење за да почне да ги преспива ноќите. Ова не е точно – бебињата можат да научат да имаат квалитетен сон и да ги преспиваат ноќите без да биде неопходно да се прекине доењето. Затоа, родителите не треба да брзаат со одвикнување само со цел нивното дете да спие подолго. Со соодветен пристап, можно е бебето да се дои, а воедно да има здрав и непрекинат сон.
Знам дека многу од вас се соочуваат со различни предизвици кога станува збор за спиењето на вашите дечиња, дали тоа било, кратки дремки, немање дремка во текот на денот, чести будења, легнување доцна навечер и слично.
ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА НОВА ОНЛАЈН РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА:
Совети, методи и техники за спиење кај деца од 0 месеци до 2 години
Токму затоа со Сања решивме да оддржиме работилница на тема “Совети, методи и техники за спиење кај деца од 0 месеци до 2 години” на која ќе одговориме на многу прашања поврзани со здравиот сон кај децата.
Целта на оваа работилница е да ви помогнеме подобро да го разберете развојот на спиењето кај вашето дете, да научите техники за полесно заспивање и да воспоставите рутина што ќе му помогне да спие мирно.
📅 Датум: 30.04.2025
⏰ Време: 18:00 – 20:00
📍 Локација: Zoom online состанок
Цена 990 денари.
Што ќе научите?
🔹 Развој на спиењето
🔹 Едукација за нежно и самостојно успивање
🔹 Техники и методи за полесно успивање
🔹 Attachment theory
🔹 Митови за спиењето
🔹 Спроведување на рутина за спиење
Вашето место може да го резервирате на следниот линк: