Чувствителната бебешка кожа е природно издржлива, но истовремено и многу подложна на иритации и црвенило, особено во пределот на пелените. Пеленското подрачје е постојано изложено на влажност и топлина, што создава идеални услови за воспаление и осип.
Што може да предизвика пеленски осип?
- Влажноста и топлината од пелените
- Пелените задржуваат влага, а влажната кожа е идеална средина за развој на
бактерии и габички. - Топлината, исто така, може да ја влоши ситуацијата.
Недоволно често менување на пелената - Кога пелената е премногу долго на кожата, урината и изметот во подолг контакт со кожата предизвикуваат иритација и воспаление.
- Триење
- Контактот на пелената со кожата, особено ако не е добро поставена или ако е премногу тесна, може да доведе до триење кое предизвикува оштетување на горниот слој на кожата.
- Користење на влажни марамчиња и сапуни за хигиена на кожата
- Некои бебиња може да бидат чувствителни или да имаат алергиска реакција на одредени состојки во пелените, влажните марамици, кремите или детергентите.
- Хемиските состојки во овие производи може да ја иритираат кожа на бебето.
- Варење на првите кисели овошја
- Новите намирници што ги внесува бебето, понекогаш можат да предизвикаат појава на пеленски осип.
- Реакција на антибиотици, вакцини
Како да го препознаете пеленскиот осип?
Пелеснкиот осип започнува со црвенило во пределот на пелените. Кожата е топла на допир и чувствителна.
Покрај црвенилото може да забележите и црвени точки. Ова е знак за почетен осип, кој треба да се третира.
Сува и лушпеста кожа во пеленското подрачје исто така е иритација предизвикана од надворешни фактори, како што се честото бришење со влажни марамчиња или сапуни за миење.
Осипот може да предизвика болка или чешање, кои го прават бебето немирно и предизвикава непријатно чувство.
Доколку пеленскиот осип не се третира, може да се развие бактериска или габична инфекција.
Осипот најчесто се појавува во областите кои доаѓаат во контакт со пелените но, може да се прошири и кон стомачето и бутчињата.
Пеленскиот осип може да предизвика инфекција и покачена температура. Ова е знак дека е потребна медицинска консултација.
Како да спречите појава или да го ублажите пеленскиот осип?
Најважно е кожата во пеленската регија да е чиста и сува.
Чистете го бебешкото газе со топла вода и неколку капки Weleda масло од невен на чиста памучна блазница или газа.
Оставете ја кожата да дише, колку што е можно подолго оставете ја кожата на воздух, без пелена.
После секое чистење нанесете од Weleda кремата од невен за заштита на пеленската регија.
Менувајте ја пелената често, на секои 2 часа.
Weleda кремот од невен за заштита на пеленската регија, ги смирува воспалените подрачја, спречува создавање на осип и црвенило и негува ефикасно од првиот ден.
Селектираните природни состојки од органски невен и камилица делуваат антивоспалително, додека висококвалитетното бадемово и сусамово масло ја негуваат и ја подобруваат природната функција на кожата. Пчелиниот восок, ланолинот и минималното количество на цинк оксид штитат од влажноста во
пеленската регија без притоа да ја сушат кожата.
Производите на Weleda може да ги најдете на следниот линк: Weleda Macedonia